Владата на вчерашната седница донесе дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година за да им се намалат загубите на одгледувачите на овци и по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучи да воведе нова дополнителна подмерка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во висина од 400 денари за грло.