Накитот, јахтите, тркачките автомобили и луксузните станови, сите се дел од „перењето“ на стотици милијарди фунти „валкани пари“ во Велика Британија, кое исто така тече низ банки и преку повеќе посредници во Велика Британија, се вели во студијата на Транспаренси Интернешнл.

„Велика Британија е платформа за корупциски пари ширум светот“, се вели во извештајот за антикорупција.

Овие пари од криминал „добиени со помош на компании регистрирани во Велика Британија и нивни оф-шор финансиски центри, се инвестираат во луксузни недвижности овде (во Велика Британија) и се користат за пристап до престижни институции“, како што се најпознатите универзитети или културни институции. „тоа им дава статус на донатори“, се вели во извештајот.

„Иако е тешко да се утврди количината на валкани пари што влегуваат во Велика Британија, Националната агенција за криминал (НЦА) проценува дека секоја година влегуваат повеќе од 100 милијарди фунти недозволени средства“, продолжува Транспаренси Интернешнл.

Финансиските услуги на моќниот Лондон Сити играат клучна улога во транзитот на тие пари, според студијата која конкретно испитала 400 случаи на корупција во кои финансиските услуги на Велика Британија биле дел од „перење“ од најмалку 325 милијарди фунти од нелегалниот пазар, од корупција, проневера и други .

Во извештајот се споменува дека 421 имот вреден вкупно 5 милијарди фунти биле купени од „сомнително богатство“ што е само „врв на ледениот брег“ бидејќи „87.000 имоти во Англија и Велс им припаѓаат на компании регистрирани во земјите со банкарската тајност“.

Исто така, укажува на набавка на јахти, накит, луксузни автомобили и приватни авиони, како и скапа облека или додатоци во Херодс Лоџ на „Стемфорд Бриџ“, стадионот на лондонскиот фудбалски клуб Челзи.

НВО забележува дека овие канали за перење пари се „повеќе прифатени од политичарите и компаниите“, што има влијание во борбата против корупцијата и препорачува десет мерки за да се спречат поединците и деловните субјекти да префрлаат пари и да ги „перат“ во Велика Британија.

Од една страна, укинувањето на банкарската тајност на британските територии каде сè уште се практикува, како што се Девствените острови, и дека престижните институции како што се универзитети или музеи се охрабруваат да воспостават етички правила за прифаќање или одбивање на средства, а се предлага да се објави името на донаторот. .

Зајакнувањето на правната одговорност на деловните субјекти и поединците исто така ќе биде силен поттик за построги проверки на потеклото на средствата, смета Транспаренси Интернешнл.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согланост од редакцијата на БанкоМетар.мк