До четвротокот најбогат човек на светот беше Џеф Безос, основач и директор на Амазон кој поради падот на вредноста на акциите на својата компанија на Вол стрит во текот на завчерашниот ден се осиромашил за околу 3 милијарди долари.

Имено, голем дел од имотот на Безос е врзан за акциите на Амазон бидејќи поседува околу 12 проценти од компанијата, а вредноста на акциите на Амазон во вчерашното тргување паднала за околу 2 проценти, додека во петокот по затворањето на водечките берзи паднала за 9 проценти, пренесува CNN.

Според листата на милијардери на списанието Форбс, богатството на Џеф Безос се проценува на 109,6 милијарди долари и по тоа го сметаат за најбогат човек на светот. Таа титула ја презел во 2017 година од основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс кој е тежок 106 милијарди долари.

Гејтс е повторно најбогат?

Поради вчерашниот пад на вредноста на Амазон на Вол Стрит може да се случи Гејтс и Безос повторно да ги заменат позициите на скалата на најбогати.

Безос оваа година го пропратиле додатни финанскиски неволји бидејќи изгубил околу 14 милијарди долари, најмногу поради разводот. Во склоп со спогодбата, поранешната жена на Безос, Мекензи Безос добила 25 проценти од акциите на Амазон од портфолиото и на тој начин стекнала удел во компанијата од 4 проценти, што изнесува 38 милијарди евра.