Истражувањата на Ричард Хејд и Институтот за климатска одговорност откриваат дека 20 компании со фосилни горива можат директно да се поврзат со повеќе од третина од современите емисии на стакленички гасови.

Помеѓу 1965 и 2017 година, овие 20 компании испратиле 480 милијарди тони еквивалент на јаглерод диоксид (CO2) во атмосферата.

Од овие 20 компании, 12 се државни и заеднички одговорни за 20 проценти од емисиите во периодот. Најголем државен загадувач е саудискиот Aramco, кој произведе 4,3% од вкупното загадѕвање во светот.

Во истражувањето се користени извештаи на компанијата за годишно производство на нафта, гас и јаглен, а потоа се пресмета колку јаглерод и метан се испуштаат во атмосферата низ целиот ланец на снабдување, од екстракција до финална употреба.

Буџетите покажуваат дека 90 проценти од емисиите се однесуваат на крајната употреба на нивните производи како што се бензин, авионско гориво, природен гас, јаглен, додека една десетина потекнува од експлоатација, рафинирање и испорака на готовите горива.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк