Итно треба да се донесе нов закон за работни односи ,затоа што постоечкиот е стар 14 години и нема модерни одредби за флексибилни форми на вработување што ги бара бизнисот , велат од Здружението за трудово и социјално право.

Постои некритично преземање на одредбите од ЕУ директивите  и ратификуваните конвенции и затоа е потребно  нивно приспособување на нашите реални состојби,препорачуваат  правните експерти .

Првиот впечаток е дека уште кога бил донесен Законот за работни односи во 2005-та  не биле направена добра систематизација,што резултира со над 20 негови промени и дополнувања  досега и  13 укинати или поништени одредби од Уставниот суд, велат правниците,препорачувајќи итно донесување нова регулатива  за работни односи.

Проф.д-р Тодор Каламатиев-претседател на Здружение за трудово и социјално право

,,Постои некритичко прифаќање на одредбите од директивите ,односно едноставно лош превод кој што претставува одредба што ќе треба да се имплементира при примената на законот за работни односи .Современите текови во областа на работните односи неминовно ја наметнуваат и употребата на овие нови флексибилни форми на вработување што се дел  од практиката на ЕУ.

Каламатиев смета  дека  не само што е потребен нов закон ,туку  и негова целосна  примена,  што не беше случај досега.Организацијата на работодавачи  негира  дека им се одзема платената пауза на текстилните работници , наводно поради ниската конкурентност на домашните фабрики .

Двтон Ангел Димитров-претседател на Организација на работодавачи

,,Не се зборува за одземање на паузата.Паузата да остане платена,но таа да биде над тие 8 часа,значи 40 часа неделно да бидат работни ,а паузата да се плати но да биде надвор од тие 8 часа.Тоа е идеа на Текстилниот кластер,но таа се уште не е вградена во новиот Закон з аработни односи ,ниту е дискутирано за тоа.“

Димитров појаснува дека  платите во текстилната индустрија треба да растат,за да се задржат младите во земнјава,но сигурноста на работниците  треба да се огледа во тоа како тие да се задржат на работните места.Никој не може да спречи евентуален банкрот,односно стечај на одредено претпријатие ,но сигурноста треба да  се обезбеди преку брза преквалификација,активно посредување на Агенцијата за вработување и брзо вработување на тие луѓе, појаснува Димитров.