Европската унија ќе формира централен орган за спречување активности за перење пари, по низата скандали од висок профил, кои укажаа на слабостите на Европа во спречувањето на перењето на валканите пари преку нејзините банки.
Министрите за финансии на блокот се очекува официјално да ја овластат Европската комисија да даде препораки за ново „независно“ извршно тело со „директни овластувања“, се вели во нацрт-изјавата, која треба да биде одобрена на состанокот во декември.
Мисијата на телото е да биде полициска финансиска институција во согласност со правилата на ЕУ за соодветно внимание и други гаранции. Најгласни во застапувањето за новото тело за да се избегнат нови кризи се Франција и Холандија.
Европа ја мачеа неколку скандали, од кои најголем беше перењето на 30 милијарди долари руски пари од Данске банк.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк