Регулаторната комисија за енергетика треба утре да ги соопшти новите цени за горивата.

Со последната промена, минатата недела, цените на ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се зголемија за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство останаа непроменети.

Со тоа, од полноќ ЕУРОСУПЕР 95 се продава по цена од 67 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 69 ден/лит.

Според одлуката на Регулаторната комисија, дизелот и понатаму се продава по цена од 62 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 50,50 ден/лит.

Цената на мазутот се намали за 0,122 ден/кг и се продава по цена од 32,832 ден/кг.

Зголемувањето на бензините, како што се наведува во одлуката на Регулаторната комисија, се должеше на покачувањето на цената на нафтнените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.

Останува утре да видиме дали не очекува ново покачување на цените.