Ова треба да се случи до 2030 година и треба да и помогне на Германија да ги исполни своите јаглеродни цели

Германија треба да има еден милион станици за полнење гориво на електрични возила до 2030 година, рече канцеларката Ангела Меркел во видео-пораката пред состаноците во понеделникот со претставници на автомобилската индустрија, за да разговараат за тоа како да се забрза транзицијата кон автомобили со батерии и ниска емисија на јаглерод, пренесува Ројтерс.

„За таа цел, сакаме да создадеме еден милион станици за полнење на електрични возила до 2030 година и индустријата ќе треба да биде вклучена во овие напори. Ова е тема за која ќе разговараме “, рече Меркел. Во моментов, Германија има само 20,000 јавни станици за полнење на електрични возила.

Средбата во канцеларијата е втора по темата. Германските лидери имаат за цел да преземат брза акција, така што транспортниот сектор во земјата може да помогне во постигнувањето национални цели за јаглерод.

Средбата ќе се фокусира на промовирање на алтернативи за бензинот и дизелот, вклучително и автомобили со погон на водородни горивни ќелии или батерии, при што владата и индустријата ги делат трошоците за субвенции за привлекување купувачи.

Владата има за цел да ги одржува работните места во индустријата за автомобили и автомобилски делови.

„Ние сакаме да ги поведеме нашите специјалисти на патот кон модерна, климатски ориентирана иднина“, рече Мекрел.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение на редакцијата на БанкоМетар.мк