Со порастот на цените на недвижностите во Хонг Конг, кој инаку е познат по своите екстремно скапи станови, исто така, растат и цените на местата за паркирање, па како што пишува Fortune продаден е најскапиот простор за паркирање во светот. Неговата цена била скоро 1 милион долари (972,000 $).

Нони Чунг Шун е среќникот кој минатата недела ги ставил во џеб, а тоа е претприемач кој купува недвижнини во лоша форма, ги реконструира и потоа ги продава по високи цени. Така, на пример, минатата година, во текот на девет месеци, тој заработи околу 114,8 милиони долари на становите на само една зграда.

Тоа е најскапиот деловен облакодер во светот – The Center, така што не изненадува што најскапиот простор за паркирање припаѓа на оваа зграда. Еднособен стан на Менхетен може да се купи по оваа цена.

„Таквите тајкуни навистина не остваруваат значителен профит кога ќе се споредат со вредноста на просторот што го поседуваат“, рече Стенли Пун од агенцијата за недвижнини „Центалин комерцијал“.

Овие милиони се само една илустрација за разликата помеѓу ултра богатите и просечните луѓе кои живеат во Хонг Конг.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк