Европската комисија (ЕК) објави денес дека Германија ќе го задржи својот буџетски суфицит барем до 2021 година.

ЕК соопшти дека дефицитот на Франција ќе биде над пропишаниот праг на ЕУ оваа година и дека долгот на Италија ќе продолжи да расте и ќе достигне скоро 140 проценти од бруто-домашниот производ.

Во своите квартални економски прогнози, официјален Брисел процени дека 19-члената еврозона ќе одржува неутрална фискална позиција оваа година и следната, и покрај континуираните повици за Германија и другите побогати нации да трошат повеќе за борба против долгорочниот економски пад, пренесува Ројтерс.

И покрај влошените изгледи за раст, Германија треба да одржи голем буџетски суфицит од 1,2 проценти од БДП оваа година. Суфицитот ќе се намали на 0,6 проценти од БДП следната година, а во 2021 година на 0,2 проценти од БДП, предвидува Комисијата.

Холандија, која е исто така меѓу земјите членки на еврозоната која може да одвои повеќе средства, ќе регистрира суфицит од 1,5 проценти од БДП оваа година, следната година од 0,5 проценти и во 2021 година од 0,4% од БДП.

Јавниот долг на Италија, која веќе има апсолутен најголем долг во ЕУ, годинава ќе се искачи на 136,2 проценти од БДП, според проценката на ЕК, ситуацијата ќе се зголеми на 136,8 проценти од БДП, а на 137 во 2021 година..

Проекциите на ЕК се разликуваат од проценките на италијанската влада, која предвидува дека јавниот долг ќе падне на 135,2 проценти од БДП следната година и ќе продолжи да опаѓа во 2021 година.

Франција, чиј долг е близу 100 проценти од БДП, исто така троши повеќе оваа година и се очекува да го зголеми својот буџетски дефицит на 3,1 процент од БДП, според проценките на Комисијата, над прагот на ЕУ од 3,0 проценти од БДП . Буџетскиот дефицит во Франција се очекува да падне на 2,2 проценти од БДП во 2020 година, изјавија од Европската Комисија.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк