Италијански суд им изрече затворски казни на 13 поранешни и сегашни директори од Deutsche Bank, Nomura и Monte dei Paschi di Siena за еден од најголемите финансиски скандали во земјата. 

Обвинителите рекоа дека сложените зделки за деривати му помогнале на Монте деи Паши да сокрие повеќе од 2 милијарди евра загуба помеѓу 2008 и 2012 година. Казните, меѓу најтешките досега дадени на банкари осудени за финансиски злосторства, се очекува да бидат убжалени. Италијанската влада поседува 68% удел во Монте деи Паши, најстарата банка во светот, по финансиската помош во 2017 година.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк