Кинескиот телекомуникациски гигант „Huawei Technology“ ќе плати две милијарди јуани (286 милиони американски долари) во бонуси на вработените.

Компанијата го презеде овој чекор за помош на работниците во спротивставување на ефектите од санкциите на САД.

Најголемиот снабдувач на телекомуникациска опрема во светот најави дека се обидува да најде алтернативи за американскиот хардвер, откако САД го ставија Хуавеј на т.н. „Црната листа“ и му забрани да работи со американски добавувачи, со што се ограничи кинеската компанија да стекнува клучни делови, пренесува Ројтерс.

Според одделот за човечки ресурси на Huawei, бонусите се знак на признавање на работата на вработените во време на светски притисок. Компанијата, исто така, ќе плати двојно повеќе од октомвриската плата на вработените од околу 190 000 вработени овој месец, изјави портпаролот на компанијата.

Наградите во пари, додава портпаролот, најверојатно ќе бидат особено дистрибуирани до тимовите за истражување и развој и на оние кои работат на пренасочување на синџирите на снабдување од Соединетите држави.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк