Банките во Бејрут и во другите делови на Либан денеска ќе бидат затворени поради штрајкот, рекол Претседателот на синдикатот на банкарските работници, Џорџ ал-Хаџ.
Банкоматите ќе бидат снабдени со пари, рекол тој за Ројтерс.
Синдикатот кој претставува 11,000 работници, повикал вчера на штрајк поради безбедносни причини, со оглед на тоа дека протестите се насочени и кон банките, а клиентите бараат повлекување на депозитот.
Банките вовеле ограничувања за повлекување на доларите и трансферите во странство.