Во Германија моментно недостасуваат 1,36 милиони работници, што е намалување во однос на вториот квартал од оваа година, но за 120.000 се зголеми за истиот период лани, објави во вторникот Федералната канцеларија за вработување во Нирнберг.

„Иако во моментот е во тек процесот на отпуштање на работници кај неколку звучни големи работодавачи, побарувачката за работници во мали и средни претпријатија е во пораст“, рече Александар Кубс од Институтот за истражување на пазарот на трудот, кој работи сојузна канцеларија за вработување.

Тој додаде дека 1,18 од 1.36 милиони работни места се во компании кои вработуваат помалку од 250 работници.

Кубас истакна дека побарувачката за работници опаѓа во металуршката индустрија, додека градежништвото е во пораст.

„Градежната индустрија во моментов бара над 147.000 работници, што е досега рекорд“, рече Кубс.

Побарувачката исто така е сè уште голема во трговијата и услугите.

Миграцијата на трудот повторно се зголеми во Германија во последните години, при што новите луѓе доаѓаат од новите членки на ЕУ, како Романија, Бугарија и Хрватска.

Следната година ќе стапи на сила Законот за имиграција на професионална работна сила што ќе ја олесни миграцијата на професионалци од надвор од ЕУ.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк