Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето велосипед или тротинет и која веќе има над 3.000 корисници кои обезбедија над 900 дрвја што банката треба да ги засади во наредниот период, на десетте најактивни корисници веќе им донесе вредни подароци – тротинети и  велосипеди. На петмина од нив кои најмногу ја користеле апликацијата и веќе собраа по 2000 HalkCoins им беа доделени првите тротинети, а на петмина со по 1500 HalkCoins, велосипеди.

Наградите на активните корисни на апликација им беа врачени од Д-р Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, кој истакна: „Бројноста на корисници на апликација, брзината со која се зголемува бројот на дрвја што треба да бидат засадени и обемноста на заштедата на емисијата на штетните гасови, навистина нè мотивира и нè поттикнува за уште поинтензивна интеракција со граѓаните во обезбедување чист воздух и заштита на животната средина. Затоа, во свое име и во име на Халкбанк им благодарам на граѓаните што нè поддржаа во оваа иницијатива и со секојдневното користење на апликација HalkEco и својата физичка активност придонесуваат за почист воздух и поздрава животна околина за сите нас. Им честитам на добитниците на наградите и им посакувам уште многу изминати километри.”

Апликацијата HalkEco, која беше промовирана минатиот месец, наиде на голема поддршка на сите оние кои на овој начин сакаат да придонесат за намалување на загадувањето и заштита на животната средина. Досега корисниците на апликацијата имаат поминато над 73.000 километри во пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет, со што ја намалија емисијата на штетни гасови за 9414 CO2 кг и обезбедија 913 нови дрвја.

Мобилната апликација HalkEco има за цел да ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност, а како одговор на нивните заложби, Халкбанк засадува дрвја, со што заедно придонесуваат за почиста и поздрава животна средина. На секои реализирани 80 километри, како кумулативна физичка активност на сите лица што ја користат апликацијата, а истите се регистрирани во неа, банката ќе засадува по едно дрво. На овој начин и банката и граѓаните стануваат одговорни за околината и придонесуваат за помасовно пошумување и засадување дрвја.

Истовремено сите кои ќе ја симнат апликацијата, со нејзиното активирање и користење при секоја физичка активност, добиваат HalkCoins. Банката преку вредни финансиски олеснувања за своите услуги и подароци, според вредноста на собраните HalkCoins, ги мотивира граѓаните да бидат физички активни, наместо да користат возило или јавен транспорт.

Халкбанк веќе ја спроведе првата акција и ги засади првите 152 дрвца. Од нив 40 садници се засадени во дворот на скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, а останатите 112 во училишните дворови на основни училишта низ повеќе градови. Ова беше прва акција на Халкбанк за засадување дрвја, по лансирањето на апликација и истата е спроведена во соработка со Граѓанската иницијатива „Денови на колективно садење дрвја во Македонија“. Садењето на нови дрвја ќе продолжи и во иднина на локации каде е потребно пошумување.

 

Халкбанк како ЕКО ориентирана компанија, во последните 8 години има финансирано повеќе од 6.000 вакви проекти во износ од 36,6 милиони евра. Досега, намалена  емисијата на јаглероден диоксид е за 37 илјади тони годишно, а со истите проекти се заштедени 130.000 MW/h електрична енергија.