Програмата за инјектирање на околу 60 милијарди евра месечно, што ја започна ЕЦБ, ќе доведе до слабеење на еврото и пад на камата во однос на еврото. Овој тренд ќе трае најмалку до завршувањето на програмата на ЕЦБ.
Од друга страна, пак, тоа ќе предизвика зајакнување на доларот, швајцарскиот франк и британската фунта, но исто така и раст на акциите на европските пазари, изјавуваат аналитичарите.
Во САД во последниве години имаше слична програма и монетарна експанзија што доведе до ослабнување на доларот, најверојатно и еврото во иднина ќе биде релативно слабо во споредба со главните светски валути, особено во однос на американскиот долар.
Движењето на курсевите под влијание на слабото еврото многу ќе зависи од тоа како стимулативните мерки на ЕЦБ ќе имаат ефект врз заживувањето на економската активност во еврозоната, во основа на оваа програма е желбата да се избегне дефлација како еден од најсериозните макроекономски проблеми.
Значи, ќе имаме силен пад на еврото, а од другата страна ќе го имаме доларот во тренд на зголемување. Бидејќи САД постигнаа одлични економски резултати благодарение на мерките на Банката на федерални резерви (ФЕД), но тоа зборува дека кон средината на оваа година ФЕД може да ја зголеми референтната каматна стапка, што сигурно би значело понатамошен раст на американскиот долар.
Може да се очекува и раст на швајцарскиот франк, но швајцарската национална банка ќе направи се од нејзина страна да го спречи тоа, па со тоа можно е повторно да ги намали каматните стапки, кои веќе се во негативна зона.
Инвеститорите во еврозоната, својот капитал ќе го инвестираат во поризични финансиски инструменти како што се акциите, поради слабеењето на валутата на ЕУ, што е и цел на ЕЦБ, едноставно да се спречи парите да бидат депонирани во централната банка на ЕУ.