Управата за јавни приходи денеска ги повика граѓаните што ја користат апликацијата „МојДДВ“ да извршат проверка на податоците од трансакциската сметка заради враќање на дел од данокот на додадена вредност.
Корисниците на апликацијата треба да внесат лична трансакциска сметка, бидејќи во спротивно не ќе може да им се изврши враќање на данокот.
Од декември Управата за јавни приходи ќе почне да им враќа дел од данокот на додадена вредност на граѓаните што ја користеле апликацијата МојДДВ.