Пластиката полека влезе во нашите животи. Шишиња, сламки, пакувања за овошје и зеленчук, кеси во продавницата – се чини дека се неизбежни. Како што полека влегуваше во нашите секојдневни животи, така полека стана проблем за целиот свет, за што е потребно итно решение.

Најголем проблем е пластиката за еднократна употреба. Проширувањето на овие парчиња амбалажа ги забрзува промените во околината, а во извештајот на Меѓународниот центар за животна средина (ЕКО) се утврдува дека пластиката ќе биде одговорна за околу 13 проценти од вкупните емисии на јаглерод диоксид до 2050 година.

Кој е одговорен за пластиките што ги загадуваат океаните?

Ова е список со десет брендови кои се покажаа како најголеми загадувачи. Собрани се 476.423 парчиња пластика. Рангирањето беше утврдено со користење на бројот на собрани пластични парчиња, но и колку е раширен проблемот со отпадот од секоја од овие компании:

1. Coca Cola (11.732 парчиња пластика во 37 земји)
2. Nestle (4.846 пластични парчиња во 31 земја)
3. PepsiCo. (3.362 парчиња пластика во 28 земји)
4. Mondelez International (1.083 пластични парчиња во 23 земји)
5. Unilever (3.328 парчиња пластика во 21 земја)
6. Mars (543 парчиња пластика во 20 земји)
7. Procter & Gamble (1.160 пластични парчиња во 18 земји)
8. Colgate – Palmolive  (642 парчиња пластика во 18 земји)
9. Philip Morris International (2.239 парчиња пластика во 17 земји)
10.Perfetti van Melle (1.090 парчиња пластика во 17 земји)

Најчесто пронајдени парчиња се пластични кеси и шишиња.