Од вечерва на полноќ бензините ќе поскапат половина денар, а дизелот ќе поевтини еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се
зголемуваат половина денар – 68,5, односно 70,5 денари за литар.
Дизелот ќе поевтини еден денар и ќе биде 61 денар за литар.
И екстра-лесното масло за домаќинство ќе поевтини еден денар – 50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,388 денари – 32,957 денара за килограм.