Сивата економија се уште претставува проблем за бизнис секторот кој бара да не се толерираат оние кои не плаќаат даноци. Од Управата за јавни приходи, која денеска прославува 25 години од постоењето, велат дека прават контроли и очекуваат сите процеси што ги имплементираат да придонесат кон намалување на нелојалната конкуренција.
Според претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска, нелојалната конкуренција го нарушува пазарното стопанство и системот не смее да ги толерира неплаќачите на даноци кои се директна конкуренција на оние што редовно ги подмируваат долговите кон државата.
– Дефинитивно најголемата болка покрај тоа што ја имаме оваа несигурност и нестабилност во државата предизвикана од политичките турбуленции и најавените предвремените парламентарни избори, е и сувата економија за која конзинстентно апелираме дека треба да се бориме сите чинители во општеството, изјави Арсовска на денешното одбележување на 25-годишнината од УЈП.
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вели дека прават контроли и постапуваат по барања на институции. Мал сегмент во намалувањето на сивата економија, според Лукаревска, е и мерката „МојДДВ”,
– Сакаме да градиме партнерски однос со даночните обврзници и да го симнеме оној симбол кој досега не „красеше” за репресивен орган. Се трудиме да бидеме партнери. Со сите процеси што ги прравиме, очекуваме дека че ги следиме модерните текови во светот, а сето тоа ќе допринесе за намалување на сивата економија, истакна Лукаревска.
И од Стопанската комора на Северозападна Македонија се залагаат за намалување на сивата економија.
– Како бизнис сектор секогаш сме за залагале сивата економија да се намали. Во однос на тоа, политиката за даноци да биде рамна и насочена кон сузбивање на сивата економија, истакна Неџи Хоџа од Комората на Северозападна Македонија.
Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека се направени се големи реформи во УЈП и оти оваа институција веќе во бизнис секторот се гледа како партнер, а не како инструмент што власта може да го користи за своите интереси.
– Тоа го покажуваме и со новите мерки и истовремено со одличната соработка која ја има со институциите со цел да создаваме приватниот сектор да биде генератор на економскиот раст.