Соработката помеѓу странските и домашните компании во земјава постои, но е не е доволна. Непоходна е поинтензивна соработка, а за тоа се клучни три фактори добар квалитет на прозводот, конкурентна цена и капацитет на производството вака покажаа анализите споведени од страна на „Finance Think“ и Центарот за управување со промени.
„Она што мултинационалните компании идентификуваа како слабост на страната на домашните компании се недоволен технолошки капацитет,недоволна имплементација на стандарди , и третиот дел е производствениот капацитет, од друга страна домашните компании идентификуваа дека мултинационалните компании се затворени за соработка“, вели Благица Петрески- извршен директор „Finance Think“.
Она што може е и најголем проблем за малата соработка помеѓу странските и домашните компании е менталитетот кај нас. Потребно е нашите компании да покажат поголема иницијативност и да сакаат да научат нешто повеќе од странските компании во земјава.
„Овде не се соочуваме со проблем кај странските инвеститори, туку со проблем кај нас, кај домашните инвеститори кои не покажуваме иницијатива, поактивност да научиме повеќе и да го надминеме егото и суетите дека сме најдобри на светот и дека се се движи околу нас“, рече Ирена Јакимовска- генерална директорка „Комфи Ангел“.
Според последните податоци само 10 проценти од вкупните обврски на странските компании се кон домашните компании што според „Finance Think“ е мал процент.