Добивката на американските банки се намали за 4,5 милијарди долари на 57,4 милијарди американски долари во третиот квартал од 2019 година, откако „вонредни настани“ во три големи финансиски институции го успорија растот на секторот, објави Федералната корпорација за осигурување на депозити (ФДИК) .

Ова е 7,3 проценти помала добивка во однос на истиот квартал минатата година, пренесува Ројтерс.

Сепак, ФДИК известува дека 62% од банките пријавиле пораст на годишната добивка, додека само четири проценти од банките биле непрофитабилни.

Како и да е, приходите од камати се зголемија за 1,2 отсто во однос на претходната година, што е најбавната стапка на раст од крајот на 2014 година.