Италијанската банка УниКредит објави суспендирање на сите форми на заеми на проекти поврзани со јаглен за термоцентрали до 2023 година, придружувајќи се на поголем број финансиски компании кои сакаат да го подобрат својот имиџ на животната средина.
Банките ширум светот се под притисок на инвеститорите, регулаторите и активистите за животна средина за да го олеснат преминот кон економија со ниско ниво на јаглерод, потсетува Ројтерс.
Финансирањето за проекти за нафта, гас и јаглен се најде под посебна контрола, во услови на чести повици на активисти за глобалната економија да се потпират помалку на фосилните горива за да избегнат катастрофално глобално затоплување.
Претставувајќи ги своите цели за одржливост, италијанскиот банкарски гигант ова го изјави седум дена пред објавувањето на новиот четиригодишен план дека ќе ја зголеми својата изложеност во секторот на обновлива енергија за една четвртина, на повеќе од девет милијарди евра до 2023 година.
Банките, чии средства сочинуваат третина од секторот на глобално ниво, ги усвоија во септември новите принципи на ООН за „одговорно банкарство“ чија цел е борба против климатските промени со воздржување од позајмување пари на проекти за фосилни горива.
Уникредит, најголемата италијанска банка според активата, не беше во таа група досега, но сега можеше да се придружи.