Стапката на невработеност во еврозоната од 19 држави падна на најниско ниво од јули 2008 година, и покрај економскиот раст што се соочува со проблеми како што се трговската војна меѓу САД и Кина и неизвесноста поврзана со излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Агенцијата за статистика на ЕУ, Евростат, во петокот објави дека стапката на невработеност во блокот со користење на единствената валута падна во октомври на 7,5 проценти од 7,6 проценти претходниот месец. Во текот на тој месец, бројот на невработени се намали за 31.000 на 12,33 милиони.

Невработеноста постојано се намалува во еврозоната во последните неколку години, како што регионот се опоравува од финансиската криза и стравувањата за грчка иднина во еврозоната, пренесува Асошиејтед Прес.