Извршителите за 10 месеци од годинава наплатиле речиси 90 милиони евра, а за 13 години од кога постојат 1,2 милијарди евра од граѓаните и компаниите. Но, се жалат дека наплатата им е падната за 50 милиони евра од пред две години. Им сметаат протестите на граѓанските здруженија секој ворник пред Министерството за правда зошто создавале погрешна слика за професијата извршител. Велат – никој не понудил докази дека некои извршители се во спрега со нотарите и адвокатите со цел да ги „набилдаат“ трошоците при извршувањето.
Сепак не сакаат да се вратат во судовите и да работат за просечна плата, јавува Телма. А не ги откриваат ниту топ 10 извршители кои изминатите години имале милионски заработувачки.
Не кажуваат дали се за ветинг, односно испитување на работата и заработувачката на извршителите, бидејќи се скептици како тоа би се имплементирало кај нас. Инаку за 13 година само 3-ца извршители се разрешени поради незаконско извршување, од кои двајцата последниве две години.