Владата утре планира да се задолжи за нови 9,2 милиони евра. Имено на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција за хартии од вредност од 9. 2 милиони евра.
Ова е едно од низата задолжувања која ги направи владата од почетокот на годината додека експертите велат дека ваквото енормно задолжување непроследено со иста динамика на изградба на стратешки проекти е многу опасно за слабата македонска економија.
Економистите истовремено алармираат и за високиот јавен долг кој ја надмина психолошката граница од 50 % од БДП и е проектиран да достигне скоро 52% од БДП до 2021 година.
Според експертската јавност алармантен е фактот и слабата реализација на капиталните инвестиции кои континуирано ја следат оваа влада и економскиот тим што пак негативно се одразува како врз растот на БДП, но и се поставува прашањето каде се трошат огромните позајмени пари кога капиталните инвестиции изостануваат. Во последниот извештај на Министерството за финансии за извршување буџет реализацијата на капиталните инвестиции заклучно со месец Октомври изнесува очајни 40 %.
Инаку, владата пред да дојде на власт на големо ги критикуваше задолжувањата но од кога е на власт континуирано ги практикува.