Собранието на Охридска банка АД Скопје, на седницата одржана на ден 29.11.2019 година, донесе Одлука за именување на нови членови на Надзорниот одбор на Банката.
За нови членови на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје се именуваат:
- Георг Бухер од Р. Австрија, роден 1962 година, со висок степен на образование, правни студии.
- Ханс Лудвиг Диксер од Р. Австрија, роден 1967 година, со висок степен на образование, студии по право.
- Славиша Којиќ од Р Австрија, роден 1978 година, со висок степен на образование, диплома по бизнис.
- Валбурга Зајдл од Р. Австрија, родена 1973 година, со висок степен на образование, магистер по социјални и економски науки и бизнис администрација.
Новоименуваните членови се дел и од Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија.
На именуваните членови на Надзорниот одбор им припаѓа надомест за учество и работа на седницитево висина определена со Одлука на Собранието на Банката.
Мандатот на членовите на Надзорниот одбор ќе трае 4 (четири) години.
Оваа Одлука стапува на сила по добивањето на согласност за именување на нови членови на Надзорниот одбор од страна на гувернерот на НБРСМ , кои ќе стапат на местото на членовите што се разрешуваат.