Со церемонија во Ипсала, на турско-грчката граница, Транс-анадолскиот гасовод (ТАНАП), најдолгиот дел од јужниот коридор на гас, е официјално поврзан со Европа, со што започнува испораката на гас од Азербејџан во Европа.

– Со овој проект, ја потврдивме нашата волја и намера да го дадеме богатството што го имаме во корист на нашите граѓани, сите народи во регионот и целото човештво. Со ТАНАП, покрај тоа што сакавме да ги задоволиме енергетските потреби на нашата земја, имавме цел да придонесеме за безбедноста на снабдувањето со енергија во Европа “, рече турскиот претседател Таип Ердоган.

Тој истакна дека заедничко вложување е успешно крунисано, при што Турција, Азербејџан и Грузија работат заедно со големо трпение 7,5 години.

– Како прво, ТАНАП се поврзува преку Азербејџан, Грузија и Турција со ТАП (Транс-јадрански гасовод) и земјите како Бугарија, Грција, Северна Македонија, Албанија, Србија, БиХ сигурно ќе имаат корист таму. Додека ги преземаме сите овие чекори, би сакал да истакнам дека станува збор за регионален проект и особено потенцирам дека тоа е, пред сè, мировен проект, рече Ердоган.

Ердоган исто така рече дека гасоводот „Турски тек“ ќе биде објавен на 8-ми јануари.

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, пред сè рече дека поврзувањето на ТАНАП со Европа е историски ден.

-Овој проект (ТАНАП) ќе воспостави мостови меѓу државите, ќе донесе соработка, вработување, како и долгорочни договори, рече Алиев.

Тој додаде дека ТАНАП во суштина е проект за меѓународна соработка што обединува седум држави.