Доларот во тргувањето на меѓународните девизните пазари закрепна по падот на девизниот курс во средата, откако Банката на федерални резерви (ФЕД) испрати далеку повнимателна порака во однос на зголемување на каматните стапки отколку што се очекуваше.
ФЕД сигнализираше дека ќе се оди со многу побавно темпо во насока на нормализирање на монетарната политика во САД отколку што многумина инвеститори очекуваа, па во средата доларот ослабе за 1,8 проценти, со тоа забележувајќи го најголемиот дневен пад во изминативе 18 месеци.
Единствена европска валута накратко зајакна за 2,5 проценти во однос на доларот, што е нејзиниот најголем дневен скок во последните шест години. Но во вчерашното тргување тој скок се анулира поради повторното зголемување на купувањето на долари од страна на трговците. Еврото ослабе во однос на доларот за 2 проценти на 1,0631 $.
Вредноста на доларот се стабилизираше и во однос на јенот, на околу 120,7 јени, што е зајакнување од 0,5 проценти во споредба со тргувањето ден предходно, кога тој падна на 119,29 јени на најниско ниво од крајот на февруари.
“Она што бевме сведоци минатата ноќ беше потсетник дека посилен долар всушност е еден вид на монетарна стега во САД, па на тој начин доларот обработува дел од работата на ФЕД. Па доколку обработува дел од нивната работа, ФЕД може да биде прилично бавен во зголемување на каматните стапки “, објаснува Daragh Maher, стратег за валути во банката HSBC во Лондон.