Потенцијалот на домашните фирми за соработка со странските инвеститори во зоните не е доволно искористен, смета Фрек Јанмаат од делегацијата на Европската унија во земјава. На завршницата на проектот финансиран од ЕУ се препорачува натамошно подобрување на деловната клима и продолжување на реформите. Се предвидува и намалување на административниот товар врз компаниите.

Потенцијалот на домашните фирми за соработка со странските инвеститори во слободните економски зони не е доволно искористен смета Фрек Јанмаат од делегацијата на Европската унија во земјава. На завршницата на проектот финансиран преку инструментот ИПА- лот 1 се препорачува натамошно подобрување на деловната клима и продолжување на реформите, зајакнување на борбата против корупцијата, владеењето на правото, но и намалување на административниот товар врз компаниите.

„Во овој документ што го споменав за оценка на економската реформа произлегува дека одвај има воспоставено некави врски помеѓу домашните фирми и странските компании што се наоѓаат во зоните.Многу работи зависат од деловната средина,односно треба да има општи услови и поспецифични услови во коишто можед а функционираат компаниите.Некои од општите услови политиките што Владата моментално ги спроведува и треба да продолжи да ги спроведува реформите за владеење на правото , реформите во јавната администрација за да може да се создаде една поефикасна администрација што ќе нуди поефикасни услуги и секако борбата против корупцијата“, изјави Фрек Јанмаат- делгација на ЕУ во земјава.

Целта на проектот е да се создаде дополнителна вредност преку оваа соработка на домашните мали и средни фирми и директните странски инвеститори. Се почнува со првиот чекор а тоа е комуникацијата,велат од Советот на странски инвеститори.Секоја странска компанија соработува со некоја домашна фирма во делот на придружните активности како што се обезбедувањето или пак кетерингот,но тоа не е доволно .

„Ние сакаме македонските компании да ги вклучиме во нашиот вистински бизнис, да бидат наши добавувачи.За ЕВН знам дека повеќе од 5000 македонски компании во последните години работеле за нас и оние што нудат услуги но и производи“, рече Штефан Петер- претседател на Советот на странски инвеститори.

Преку проектот биле реализирани одделни проекти со шест домашни компании што овозможуваат подигање на нивните перформанси и зголемување на компетитивноста и исполнување на барањата во делот на стандардите и квалитетот на производите што се испорачуваат за фабриките на странските инвеститори. Проектот го реализираа Машинскиот факултет од Скопје,Стопанската комора на Македонија и Техничкиот универзитет од Виена.