Комерцијална банка АД Скопје континуирано ги информира и ги едуцира своите клиенти за сите новини со цел да го подобрат нивното финансиско работење. Во организација на Банката на 4 декември 2019 година се одржа уште еден ексклузивен настан – „Ден за Вас – Нови можности за финансирање и инвестирање“.
Многубројни клиенти на Комерцијална банка, имаа можност да се информираат за новата Програма развиена од ЕБРД за поддршка на конкурентноста на мали и средни претпријатија, потоа за можностите за тргување на странските пазари, како и за купувањето удели во инвестициските фондови на друштвото КБ Публикум инвест.
Ни претставува особено задоволство што понудените теми во презентациите беа интересни и корисни за присутните. Комерцијална банка АД Скопје ќе продолжи посветено да работи на задоволување на потребите на своите клиенти.