Со посебно законско решение власта ќе привлекува стратешки инвестиции поголеми од 100 милиони евра на територијата на Скопје, но соодветно и во другите општини.
Премиерот Заев обзнани дека во моментов се преговара со 6 инвеститори. Според него вкупната вредност на тие инвестиции ќе биде 2 милијарди евра.
Премиерот вели дека Владата позитивно гледа и на барањето на странските инвеститори да се намалат некои од царините за увоз. До крајот на годината ќе донесат одлука. Ако Владата им излезе во пресрет – ќе очекува заштедите кои ќе ги направат странските компании – да ги реинвестираат овде.
Во однос на растот на БДП за третото тримесечје од 3,6%, Заев вели дека е под неговите очекувања, одредени сектори не ги дале посакуваните резултати, но смета дека до крајот на годината може да се оствари проекцијата за раст од 3,8%.