Норвешката компанија за мобилна безбедност „Промон“ откри опасен протoк на мобилните уреди „Андроид“ што им овозможува на хакерите да пробиваат во системите на финансиските институции и да отуѓуваат пари од сметките на нивните корисници.

Доволно е корисникот да има една од апликациите за мобилно банкарство преку интернет банкарството и автоматски е во опасност. Досега, на овој начин биле нападнати околу 60 финансиски институции во неколку земји и е исчезната непозната сума на пари. Не е познато колку корисници биле оштетени, но се знае дека се украдени пари од сметки.

Хакерите успеаа да го направат сето ова со претходно познатата злонамерна апликација Strandhogg, која го имитира почетниот екран за најавување на интернет банкарството, снимајќи ги податоците кои ги внесува корисникот и дозволувајќи им на хакерите да влезат во вистинската апликација наместо нив, пренесува RTL.

За ова е известен Google, кој автоматски го отстранил засегнатиот малициозен софтвер од својата продавница на Google Play, а исто така мора да најде начин за својот мобилен оперативен систем Android затоа што вакво нешто невозможно е да се направи во теоријата, а хакерите сепак го сторија.

Не треба да има дополнителни напади како овој, но никој не го гарантира тоа. Исто како што не им е загарантирана наплата на корисниците на кои им се украдени пари во овие напади.

 

Забрането превземање на содржината без прехтодна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк