Многу аналитичари и инвеститори потфрлија со нивните предвидувања и тактики за тргување поради континуираниот раст на доларот. Претпоставките на почетокот на годината беа дека односот на еврото наспроти доларот ќе изнесува 1,1000 до крајот на 2015 година, а сега истите тие аналитичари веќе споменуваат 0,9500 до крајот на годината.
Неколку истовремени околности имаат влијание на вредноста на доларот, од монетарната политика на Соединетите Американски Држави со постепено заздравување на нејзината економија до очекувањата и стартот на проектот за купување државни обврзници на Европската централна банка со слабеењето на еврото.
И покрај последните случувања, по изјавата од страна на лидерите на ФЕД во однос на каматните стапки, аналитичарите на Сахо банка и понатаму очекуваат силен долар во однос на другите валути. Во исто време паѓа цената на нафтата, со оглед на тоа дека нафтата и доларот се цврсто поврзани, бидејќи цените се деноминирани во долари. Традиционално, зајакнувањето на доларот ги паѓа цените на нафтата и обратно.
Нестабилноста на пазарите на капитал значи и предизвици во трговијата, но за искусните тоа може да биде добра прилика, изнесуваат од данската инвестициска банка и посочуваат дека првиот е совет – да се следат трендовите. Иако се чини очигледно, инвеститорите кои ги следеа валутните парови и купуваа долари на почетокот на неговиот раст добро профитираа во последниот период. Тешко е да се предвиди кога доларот ќе се движи во надолна патека, така што мора да се следи се од ден на ден и настан до настан во процесот на тргување, вели Џон Харди раководител на секторот за стратегијата за тргување со валути во Сахо банка и заклучува дека карактеристика на успешни инвеститори е што знаат кога ќе дојде моментот да се повлече приходот и да се излезе од “игра”.
Од Сахо банка, исто така, потенцират дека трговците треба да ги прилагодат своите вложувања спрема резултатите кои се постигнати со нив. Појаснуват дека, со оглед на тоа дека американската економија е во постојан пораст и странските инвестиции се враќаат во САД, тоа позитивно влијание врз акциите во оваа земја, за разлика од оние во еврозоната или на јапонскиот пазар. Во исто време, обврзниците во САД се интересни и за странските инвеститори поради повисоките каматни стапки, во споредба со другите големи економии.
Инвестициите фокусирани на краток рок во делот на стоки, исто така, може да донесат корист. Кога е зголемена нестабилноста на пазарот, инвеститорите се свртуваат кон традиционалните засолништа, особено златото. Златото има инверзната врска со доларот, што значи дека кога тоа слабее вредноста на доларот расте. Сепак, овој однос не е толку цврст како што е ситуацијата со нафтата, па иако доларот постојано расте и е атрактивен, може да се појават краткотрајни “дупки” каде што инвеститорите можат да заработат.
Монетарната политика на САД се разликува од онаа во ЕУ и Јапонија и во текот на годината ќе владеат ненадејни промени и флуктуации на девизниот пазар, па инвеститорите мора внимателно да проценат кога да го фатат нивниот зацртан инвестициски бран, внимателно да го следат пазарот и да ги прилагодат своите потези се додека не се постигне саканиот профит, заклучуваат од данската инвестициска банка.