Morgan Stanley ќе отпушти околу 1.500 вработени, пренесува Блумберг. Ова е околу два проценти од сите вработени во банката.

Намалувањето е малку поголемо од тоа што беше најавено за на крајот на годината, што претставува одраз на растечката неизвесност во изгледите за 2020 година, кога трговската војна, претседателските избори во САД и Брегзит би можеле да го погодат бизнисот на банките.

Повеќето отпуштања овој пат ќе ги засегнат во секторите за технологија и операции на Морган Стенли. Две лица запознати со ситуацијата изјавиле за Фајненшал Тајмс дека банката не ги намалува технолошките инвестиции и дека отпуштањата делумно го одразуваат фактот дека некои активности сега можат да се извршат поефикасно.

Оваа година, бројот на вработени во банката во целиот свет е веќе намален на 73.400, од кои 86% се во Европа. Дојче Банк најмногу ќе го намали бројот на вработените. До 2022 година, ќе остави 18.000 вработени без работа, половина од нив во Германија.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк