Кока-Кола денес го слави својот 100-ти роденден. Акциите на Кока-Кола за прв пат се појавија во јавна понуда во 1919 година, откако Аса Кендлер ја продаде на Ернест Вудрф и неговите деловни партнери.

За да соберат средства за раст на компанијата, тие понудија 500.000 акции на јавноста по цена од 40 долари. Во 1919 година, Кока-Кола беше продавана на само шест пазари надвор од континенталниот дел на Соединетите држави, и сега е присутна во повеќе од 200 земји.

Кока-кола е единствен производ на Кока-Кола со децении, но со текот на времето нејзиниот опсег се прошири за да вклучува повеќе од 500 различни производи, вклучувајќи кафе, спортски пијалоци, сокови, чај и многу друго.

Во исто време, како што компанијата растеше, така растеше и нејзината вредност. Оригиналната акција од 40 долари со реинвестирана дивиденда денес би вредела повеќе од 18 милиони долари, или дури 450.000 пати поголема од нејзината првична вредност.

 

Забрането превземање на содржината без прехтодна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк