Почитувани читатели на БанкоМетар.мк
Согласно последната анкета која БанкоМетар.мк ја спроведе претходниот месец и според гласовите на банкарските клиенти од Македонија; Банка на Годината според гласовите на македонските клиенти за 2019 година е УНИ Банка со освоени 290 гласови или 30% од гласовите.
Тимот на БанкоМетар.мк им го честита овој успех на УНИ Банка !
Редоследот на освоените гласови, согласно анкетата за сите банки во Македонија е следниот:
-
УНИ Банка290 гласови 30%
-
Комерцијална Банка179 гласови 18%
-
НЛБ107 гласови 11%
-
ТТК Банка91 гласај 9%
-
Халк Банка89 гласови 9%
-
Стопанска Банка – Скопје69 гласови 7%
-
ЦКБ45 гласови 5%
-
Охридска Банка27 гласови 3%
-
Силк Роуд Банка19 гласови 2%
-
Капитал Банка13 гласови 1%
-
Шпаркасе Банка13 гласови 1%
-
Стопанска Банка – Битола13 гласови 1%
-
Еуростандард Банка10 гласови 1%
-
Прокредит Банка10 гласови 1%
Вкупно гласови: 975
Минатата година победник според гласањето беше Халк Банка , оваа година најголем број гласови имаше УНИ Банка. Оттука можеме да забележиме дека македонскиот банкарски клиент ги претпочита пофлексибилните, поуслужливите и банките со генерален осврт кон клиентот. Големините на активите и бројот на експозитури, бројот на вработени или старото реноме нема влијание на новата генерација банкарски клиенти. Согласно новите трендови во банкарството и финтекот, денешната модерна банка е онаа која на најдобар начин ги артикулира потребите на клиентите, на начин кој истите го сметаат за љубезен и коректен кон нив.