8.000 фирми побарале субвенции од државата за да може да исплаќаат поголеми плати на 45 илјади вработени, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. За октомври и ноември фирмите треба да добијат 58 милиони денари за да може да исплатат поголеми плати, а за декември ќе се знае до крајот на годината.