Откупот на тутунот од годинашнава реколта, во земјава се одвива со несмален интензитет и нема никакви проблеми. За неполн месаец од почетокот на кампањата, се откупени 60 насто од предвидените околу 26.000 тони тутун, а просечната цена е повисока од ланската. Откупната кампања се очекува да заврши до 15 јануари.
За неполн месец, веќе 60 насто од годинашниве количества тутун во земјава се откупени, а просечната цена е повисока од ланската што беше 217 денари, констатира Државниот земјоделски инспекторат. Нема проблеми и откупот на тутунот се одвива непречено.
Прилепскиот комбинат, еден од деветте откупувачи, тутун купува на 25 пункта во Прилеп и во Пелагонискиот регион
Тутутнарите на вагите ги имаат своите повереници и според инспекторатот речиси нема забелешки во текот на откупот. Годинашнава рекота тутун е со висок квалитет и главно поминува во највисоките, прва и втора класа
Откупот на тутунот се очекува, рекордно, да заврши пред законските рокови, до 15-ти јануари.