Проектот е насочен кон зголемување на конкурентностана малите и средни претпријатија, со проширувањена нивните пазарни можности, преку искористување на алтернативни извори на финансирање.
Проектот на УСАИД за факторингот, во соработка со Стопанската комора на Македонија е тема на тркалезната маса што ќе се оддржи на 20-ти декември.
Проектот е насочен кон зголемување на конкурентностана малите и средни претпријатија, со проширувањена нивните пазарни можности, преку искористување на алтернативни извори на финансирање.
Факторингот, како алтернативен начин на финансирање, го помага растот на претпријатијата, преку обезбедување брз пристап до финанскски средства,подобрување на готовинскиот тек на фирмите и нивно поефикасно развивање.
На тркалезната маса детално ќе бидат презентирани теми сврзани со ова, а планирана е и интерактивна дискусија.