Колку помалку светилки светат навечер во некој регион во државата, толку тој е понеразвиен, а толку се и помали платите на вработените.
Со сателитска ноќна снимка на државата независниот институт за економски истражувања ја докажува таа теза.
– Регионалните диспаритети во Северна Македонија може да се оценат и преку концентрацијата на ноќните светла снимени од сателит. Концентрацијата на ноќните светла е апроклсимација на интензитетот на економска активност. Просечната плата е повисока во регионите со повеќе светла, појаснува Фајнанс тинк.
На сателитската снимка може да се види најголема концентрација на запалени светилки во Скопскиот регион, додека некои од останатите седум региони се речиси целосно во темнина.
Кај секој регион е напишана и просечната плата што ја примале лани лицата кои работат во него, а таа се движи од 18.633 денари во Североисточниот регион, до 28.125 денари во Скопскиот.