Градежната фирма „Apis Cor“ ја искористи својата најнапредна технологија за изградба на најголемата 3Д зграда во светот, двокатна канцеларија во Дубаи.
Со 9,5 метри во висина и на површина од 640 метри квадратни, Apis Cor направи изградба во Дубаи. Компанијата тврди дека тоа е најголемата зграда досега изградена со 3Д технологија.
Apis Cor разви материјал заснован на гипс, кој поминува низ специјален 3Д-принтер, создаден од локална компанија за производство и складирање на градежен материјал.
Печатењето е направено на отворено за да се докаже дека оваа технологија може да се справи со тешко опкружување без да се контролира влажноста и температурата, пишува Desing.
3Д машината за печатење на Apis Cor е преместена од просториите на компанијата на градилиштето за да може да се направат различни делови од објектот. Зградата е подигната на конвенционални темели и 3Д печатената зграда беше засилена со бетон и арматура.
Исто така, користените подни плочи биле претходно отпечатени, а добавувачот ги додал конвенционалните прозорци и кровот, кога биле подигнати sидовите.
„Проектот ни обезбеди уникатно знаење и непроценливо искуство што ќе ни помогне да ја подобриме нашата технологија и да развиеме нова верзија на нашиот 3Д печатач. Овој проект е огромен чекор напред во 3Д-индустријата за печатење “, рече Никита Ченинтаев, извршен директор и основач на компанијата.
Компанијата планира да ја користи својата 3Д машина за печатење во 2020 година за да изгради специјални куќи во државите Флорида, Луизијана и Калифорнија. Компанијата исто така дизајнираше живеалишта за Марс за целите на мисијата на НАСА.