Празниците се одлична прилика да создадеме повеќе радост и незаборавни моменти за секој од нас. Овој пат вработените на Комерцијална банка направија акција во која собраа 340 новогодишни пакетчиња наменети за оние деца кои на кои им треба повеќе љубов и внимание.
Во заедничка организација со хумани граѓански организации, половина од пакетчињата, односно 169, подаривме на децата од Клиниката за детски болести – педијатрија и Клиниката за детска хирургија во Скопје и Битола, а 171 пакетче доделивме во домовите за деца без родители, во социјално загрозените фамилии, на деца на самохрани родители, деца со инвалидитет и на дечиња со ретки болести. Во нив ги собравме најубавите чоколади и подароци и испративме многубројни желби за среќна Нова 2020 година.