Весникот „Гардијан“ пишува дека експертите проценуваат оти купувачите во Европа следната година ќе имаат избор од дури 175 електрични модели, за разлика од моменталните околу 100.
Последните неколку години постои голема експанзија на електричните автомобили, но тие се уште се во рамки на „статистичка грешка” кога е во прашање вкупната продажба.
Во текот на оваа година електромобилите сочинуваат 3,4 отсто од продажбата на возила, но аналитичарите очекуваат 2020. да биде година на електричните автомобили со пораст на продажбата на 5,5 проценти.
Весникот „Гардијан” пишува дека експертите проценуваат оти купувачите во Европа следната година ќе имаат избор од дури 175 електрични модели, за разлика од моменталните околу 100.
Затоа се проценува продажбата да се зголеми од моменталните 319.000 единици на околу 540.000 во следната година.
Тој број во следните години ќе продолжи да расте, па до 2025 година се очекуваат повеќе од 330 различни електрични возила на Стариот континент.
Паралелно со тоа, се очекува кон средината на следната децинија продажбата на електрични возила да изнесува една петтина од вкупната продажба на автмобили во Европа.
За порастот на продажбата на електромобилите ќе придонесат новите, остри еколошки правила во ЕУ, кои драстично ќе ги казнуваат производителите на автомобили при евентуално надминување на границата на просечната емисија на штетни гасови од 95 грама по километар. За секој грам над тој лимит, производителите ќе плаќаат 95 евра за секој продаден автомобил.