Речиси 45 илјади вработени во приватниот сектор добија повисоки плати како резултат на мерката – Ослободување од плаќање придонеси. Во просек, ноемвриските плати им се зголемија за 4.100 денари, што според министерката за труд е одлична бројка. Ја искористиле 9% од работниците. . Очeкува во наредните месеци да достигне до 20%.
– Очекувам до февруари бројката на работници кај кои е зголемена платата да се искачи на 20 проценти од вкупно вработените во бизнис-секторот. За оваа мерка во Буџетот за наредната година се планирани 2 милијарди и 400 милиони денари, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Начинот на аплицирање е едноставен. Газдите треба да достават само пресметка за плата, МПИ образец, каде пензиското и здравствено осигурување, за зголемувањето до 6,000 денари ќе го плати државата., вели директорката на УЈП, Лукаревска. До сега газдите за неплатени придонеси од државата искористиле милион и 260 илјади евра за да исплатат повисоки плати
– За месец ноември за мерката аплицирале 7.613 работодавачи за зголемување на платите за 44,940 работници или вкупно 77,573,565 денари, односно речиси 1,3 милиони евра, изјави Сања Лукаревска, директор на УЈП
Мерката треба да ја намали сивата економија – односно да ја сузбие праксата газдите дел од платата да ја даваат во плик. Но, ако се уште има такви случаи, надлежните ги повикаа – работниците да пријавуваат , затоа што таквиот начин на исплата е кривично дело и предвидува казна затвор.