Индија ќе ја постигне целта да биде четврта најголема економска сила на планетата до 2026 година, објавил британскиот Центар за економски и стопански истражувања. Нејзината вредност ќе изнесува пет билиони долари, а до 2034 година, оваа јужноазиска нација ќе дојде до трето место.
„Индија одлучно ги надмина Франција и Велика Британија и стана петта најголема економска сила во 2019 година. Се очекува во 2026 година да го преземе местото од Германија, а до 2034 година од Јапонија и да стигне на трето место“, се наведува во извештајот.
Индија, Германија и Јапонија ќе продолжат да се борат за позицијата трета најголема економија во наредните 15 години.
„Константирано е дека бавниот раст во Индија во текот на годината го зголемил притисокот за радикални економски реформи“, се навдува во извештајот. Економијата на оваа земја е прогласена за најбрзо растечка на светот бидејќи пораснала за пет посто во однос на годишната вредност помеѓу април и јуни. Тоа било нејзино најслабо темпо од 2013 година како последица на трговскиот конфликт.