Македонците се на последните места каде се жалат од бучни соседи, покажуваат податоците на Евростат

Скоро една петтина (18,3%) од популацијата на Европската унија (ЕУ) се жали на високи нивоа на бучава во 2018 година кои доаѓаат од соседите или од улицата.

Не е изненадувачки, повеќето од поплаките доаѓаат од градските жители (24,1%) споредено со оние во руралните области (11%). Податоците на Евростат го покажуваат ова.

Како што се очекуваше, бучавата е особено загрижувечка за луѓето што живеат сами. Тие учествуваат со 21,8% од сите примени поплаки. Бучавата е проблем за 18,7% од домаќинствата со двајца возрасни и само 16,2% за домаќинствата со три или повеќе возрасни.

Највисоко ниво на бучава најчесто го пријавуваат жителите на Малта – 28,2%. По нив следат Германија (27,8%) и Холандија (27,1%). Следуваат: Португалија (23%), Романија (20,1%), Велика Британија (19,8%), Кипар (19,6%), Грција и Луксембург (19,3%).

Според Евростат, луѓето во Хрватска (8%), Унгарија (8,5%), Естонија (8,6%), Ирска (9,4%) и Бугарија (9,4%) не посветуваат многу внимание на околниот шум.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк