Илјас Едип Севинч, претседател на турската асоцијација на извозници на ореви и лешници (КФМИБ), рече дека околу 319.772 тони лешници биле извезени од таа земја минатата година.

„Ова е историски рекорд на Турција во извозот на лешници“, рече Севинч. Тој посочи дека ова е за 14,5 проценти повеќе во однос на обемот и 24 проценти во однос на вредноста повеќе отколку во 2018 година.

Изјавувајќи дека овој успех во никој случај не е случаен, тој истакна дека турските бизнисмени работат напорно за да ја задоволат огромната побарувачка за лешници на сите светски пазари.

Тој истакна дека во последните години особено се зголеми извозот на лешници на кинескиот пазар.

Само во 2019 година, Кина увезе 11.180 тони лешници од Турција во вредност од околу 87,2 милиони американски долари. Ова ја става Кина на шестата позиција на најголемите увозници на лешници.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк