Банките во северниот дел на либанскиот регион беа затворени втор ден по ред, објави АФП, повикувајќи се на Националната новинска агенција на Либан. Затворањето на банкарските институции беше неопходна мерка бидејќи многу клиенти не беа во можност да ги повлечат своите заштеди.

Од септември, банките во Либан произволно ја ограничуваат сумата што може да се повлече или пренесе во странство. Ова ги вознемирува клиентите кои чувствуваат дека ги држат како заложници. Ограничена е и границата за повлекување либански фунти.

Клиентите кои сакаат да повлечат долари честопати мора да се редат со часови за да направат повлекувања, а кога ќе стигнат до шалтерот, нивните сметки излегуваат празни. Здружението за банкарство на земјата веќе ги повика своите членови да ги затворат вратите.

Во петокот граѓаните влегоа во филијала на банка во градот Халба во знак на протест дека не можат да ги повлечат своите плати во долари или либански фунти. Протестот продолжи повеќе од 10 часа, вклучувајќи дури и безбедносни сили кои не успеаја да ја распрснат толпата дури и откако беше пуштен солзавец во зградата на банката. Како резултат на протестите, маж е хоспитализиран со полесни повреди.

Здружението на банкари го опиша клиентскиот протест како „напад“ и „закана по животот и безбедноста на вработените“. Невидени антивладини протести го зафатија Либан на 17 октомври со големи критики на владата дека не успеале да се справат со продлабочената економска криза.

Либанската фунта е врзана за американскиот долар повеќе од 20 години, при што и двете валути се користат паралелно во земјата. Девизниот курс на либанската фунтата со доларот е 1.507. Сепак, поради ограничувањето на банките да повлекуваат долари, девизниот курс на неофицијалниот пазар надмина 2000 либански фунти во однос на доларот, што исто така ги зголеми трошоците за живот.

Во јужниот град Саида во саботата демонстрантите пренесоа камиони и кран пред банка за да ги принудат вработените во банката да платат за човекот надомест, откако тој ја загуби работата. Во подрачјето на Бекфај пред Бејрут, банкарска филијала беше извалкана со јајца, а демонстрантите напишаа „револуција“ на нејзините прозорци.

Шефот на Адвокатската комора, Мелам Халаф, ги повика банките да ги отстранат ограничувањата за трансфери и повлекувања, нарекувајќи ги нивните мерки „противуставни“.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк