Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се намалат половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари за литар.

Новата цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 68 денари, на „евросупер БС-98“ – 70 денари за литар, а на дизелот 62,5 денара за литар.

Новата цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 51,5 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,305 денари, на 38,548 денари за килограм.